Иако корите се печат, подготовката е многу брза и лесна
Потребни состојки:
- 300 мл слатка павлака
- 50 гр чоколадо за готвење
- 80 гр шеќер во прав
- 1 лажица какао
- 6 лажици брашно
- 6 лажици шеќер во прав
- 6 јајца
- 1 ванилин шеќер
- чоколаден прелив
Подготовка:
Во длабок сад изматете ги со миксер жолчките со шеќерот во прав. Додадете ја ренданата чоколада за готвење.
Во друг сад изматете ги белките, па така добро изматени додајте ги во садот со жолчките, шеќерот и чоколадото. Додадете го брашното, мешајќи полека додека смесата не се соедини убаво па истурете во сад за печење предходно обложен со хартија за печење. Печете во рерна 15 минути на 200 степени.
Испечениот пандишпан оставете го да се излади па потоа исечете го на два дела. Изматете ја павлаката со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Оставете половина на страна, а во остатокот додадете го какаото, промешајте убаво, а потоа исфилувајте ја првата кора.
Ставете ја другата кора над филот, а потоа нанесете го филот што го оставивте на страна. По желба, декорирајте со чоколаден прелив, исечете и сервирајте.