Категории

Топ 6 митови за срамните влакна на меѓуножјето

Срамните влакна заштитуваат од сексуално преносливи болести

Всушност е спротивно – срамните влакна може да бидат плодна почва за бактерии, па не е точно дека влакната заштитуваат од сексуално преносливи болести кои се појавуваат при допир на кожа со кожа.

Срамните влакна го прават сексот помалку пријатен

Тоа варира од жена до жена. Многумина веруваат дека срамните влакна го намалуваат триењето помеѓу нозете. На некои жени им треба појака, а на некои послаба стимулација за да дојдат до оргазам, но тоа нема никаква врска со тоа дали жената има влакна или не.

Бојата на срамните влакна е иста со бојата на косата

Ова е уште еден мит во кој многумина веруваат. Срамните влакна често се со иста боја како веѓите, но како косата многу ретко.

,,Грмушката“ не е атрактивна

Всушност, тоа зависи од партнерот – некој баш сака само ,,шумичка“, а некој „пустина“. Всушност, според една студија мноштвото на срамни влакна може да биде причина за страст, бидејќи тие се полни со феромони – соединенија кои предизвикуваат сексуална возбуда и привлекување за спротивниот пол, според prevention.com.

Срамните влакна никогаш не престануваат да растат

Срамните влакна престануваат да растат кога ќе достигнат одредена должина. Експертите велат дека должината варира од човек до човек и е околу 1,30 до 5 сантиметри.

Ако имате чувствителна кожа, не треба да ги отстранувате влакната

Всушност, само треба да го прилагодите начинот на отстранување на срамните влакна. На пример, ако имате почувствителна кожа треба да избегнувате депилација со восок, и треба да изберете отстранување со крема или брич.

Прегледи:
401
Објавено на:
16.03.2018