Одлична замена за чипсовите и другите штетни грицки!
Состојки:
- 2 шолји шеќер
- 1,5 шолја вода
- половина шолја пченкарен сируп
- лажичка оцет
- половина лажичка сол
- лажичка екстракт од ванила
- 18 шолји испукани пуканки
Подготовка:
Во тенџере помешајте шеќер, вода, пченкарен сируп, оцет и сол. Ставете да се вари додека смесата не достигне температура од 123 степени (ќе ви биде потребен термометар за слатки).
Тргнете го од оган, додадете ванила, па почнете да додавате пуканки и мешајте полека. Кога ќе се олади масата доволно да можете да ја допирате со раце, почнете со формирање на топчиња во посакуваната големина. Рацете претходно малку намачкајте ги со масло.
Оставете потполно да се оладат на хартија за печење. Уживајте!