Категории

Тотално луди нешта кои некогаш биле дозволени

Ако мислите дека луѓето денес прават необични нешта, тогаш подгответе се да откриете уште почудни нешта кои ги правеле нашите предци.

Сите нивни акции и чудни однесувања всушност биле легални. Ова се само некои од застрашувачките нешта кои биле дозволени во минатото.

Третман со кокаин
Пред 100 години, луѓето не ја сметале оваа материја за штетна. Напротив, кокаинот бил достапен во дрогериите и се продавал без рецепт за лешење на кашлица и забоболка. Кокаинот исто така бил препорачуван како седатив за децата и како и кај другите лекови, наголемо се препишувал.

Испраќање на деца преку пошта
Звучи како шега но во почетокото на 20-ти век, американците имале можност да ги испраќаат своите деца преку пошта апсолутно законски. Тоа коштало околу 15 центи ако нивното дете не тежело повеќе од стандардната пошта. На тој начин родителите само сакале да заштедат кога ги испраќале своите деца кај роднини.

Кафези за бебиња
Во триесеттите години од минатиот век жичаните кафези биле доста популарни помеѓу британските семејства. Со помош на оваа опасна конструкција, децата можеле да дишат свеж воздух додека нивните мајки биле зафатени со домашнте работи. Неверојатно но тие кафези се сметале за безбедни.

Сомнителни методи на лечење
Не толку одамна лекарите немало поим за дезинфекција и употребувале чудни методи: пуштањето на крв било лек за сите болести, сечењето јазик се практикувало за да се запре мумлање, се изведувала лоботомија и се лечело со електрошокови. Дури и најуспешните лекари во тоа време, како што е ортопедот Луис Сареј извршиле многу операции со смртоносни исходи.

Радиоактивни играчки
Во педесеттите години од минатио век, радијацијата била третирана како прилично сигурно нешто. Ткавите атомски играчки како што е мини-лабораторијата било доста популарни. Сетот за експериментирање вклучувал реален полониум и уран во мали количини.

Човечки зоолошки градини
Човековите зоолошки градини имале за цел да прикажуваат луѓе од Азија и Африка како доказ за Дарвиновата теорија. Таквата срамотна забава постоела многу години.

Збирка од делови од тела
Некогаш собирањето на човечки делови од телото се сметало за стандардно хоби и не предизвикувало гадење. Една угледна госпоѓа имала патоанатомски соби во својот дом. Дури и војниците ги носеле черепите од своите непријатели како трофеи во домовите.

Пушење во текот на бременоста на лекарски рецепт
Пушачите денес се ограничени на многу начини. Пред 70 години, америчките лекари им препорачувале на трудниците да пушат цигари за да се ослободат од констипацијата. Жените кои откако ќе роделе дете, не им било забрането да пушат и тоа во болницата.

Прегледи:
827
Објавено на:
13.11.2020