Традиција пренесена во урбаното живеење: Ресторан Кораб Трница – докажан квалитет за гастрономско уживање!

На патот кон Дебар, на само 5 километри од Мавровското Езеро, на совршена локација во густата зимзелена шума се наоѓа добропознатиот комплекс „Кораб Трница“. Место кое претставува совршено прибежиште од градскиот метеж, стресното секојдневие и високите температури во овој период од годината. 

Во склоп на комплексот „Кораб Трница“ се наоѓа целосно реставрираниот ресторан со автентичен изглед и градба од 1974 година. Ресторанот го има задржано оригиналниот надворешен и внатрешен изглед, но за да се овозможи прием на поголем број гости, изградени се летни тераси низ кои тече рибник со речна пастрмка, како и фонтани што се прелеваат во него. Ресторанот располага со сала од затворен тип за одржување семинари, свечености и за други настани. Освен ова, ресторанот нуди тераса со сопствен шанк која овозможува да се ужива во хоризонтите на Кораб, Шара и на Бистра.

Ресторанот го има задржано и оригиналниот ентериер, кој се состои од масивни дрвени столбови, внатрешна тераса, камин, лустери и мермер, а сето тоа е одлика на одлучноста во едно поинакво и тешко време во планински предел да се направи нешто модерно, а тоа истовремено да е и традиционално катче за уживање.

Во ресторанот се служи традиционална храна, а најпознат е по качамакот, кој е симбол на овој ресторан и кој се приготвува по стариот рецепт на овчарите од Кораб Трница. Истиот се служи со овчото кисело млеко или со „кораб кашкавал“ и „трничко сирење“ и претставува вистинско кулинарско задоволство.

Се служат  и традиционални рекански пити со зелка, праз, спанаќ и со тиква, потоа одлично приготвено јагнешко, јарешко, телешко и пилешко месо, риба, разни макала и многу други јадења. За десерт, освен стандардните, неизбежни се традиционалните сутлијач, баклава, печена тиква.

Миговите поминати во уживање со најблиските се оние кои најдолго се паметат. Изберете традиција, изберете квалитет и вистинско гастрономско уживање, создавајте спомени во Кораб Трница!




Коментари

коментари