Категории

Тренч палтото неизоставено парче во есенската сезона

Trench или raincoat палтото е модна класика која никогаш со децении се провлекува како главен тренд кога е во прашање есенската сезона.

Trench палтото е парче кое задолжително морате да го имате во вашата гардероба. Неговата безвременост и класична елеганција совршено се вклопува и во кежуал и во елегантни стајлинзи. Можете да го носите и со патики, со потпетици, со фустани па дури и спортска облека. Оваа сезона е особено истакнат спортско-елегантниот стил па трендсетерките обожаваат да го комбинираат со тренерки и хеланки.
Кога еднаш ќе известирате во ова модно парче можете да бидете сигурни дека ќе го носите со години, затоа бирајте модели со класичен крој и едноставни дезени.

Прегледи:
643
Објавено на:
29.10.2020