Сонувате за успех? Морате да донесете некои клучни одлуки за да го постигнете.
Престанете да се извинувате
Ако сте згрешиле, извинете се, но ако го правите тоа постојано и без причина, ја губите својата моќ. Луѓето треба да ве слушаат на друг начин. Најдете баланс во комуникацијата помеѓу топлината и директноста.
Бидете „кројач на својата среќа“
Своите прилики мора да ги создадете сами и да се изборите за место. Едукација, стекнување контакти, различни конференции и слично, се многу важни за развојот на вашата кариера.
Променете го ставот за неуспехот
Жените неуспехот често го доживуваат лично. Се плашат да ризикуваат и тежнеат кон носењето правилни одлуки. Треба да ја развиете свеста дека од неуспехот и грешките најдобро се учи и дека тие се сигурен пат до успехот.