Небото во ноќта на 31-ви јануари доживеа три лунарни настани, кога беше осветлено од Супер Сина Крвава Месечина.
Месечината беше екстра голема, најголемата која ќе ја видиме годинава, тоа е појава кога на Земјата се чини дека Месечината е поблиску и поголема, таа беше сина бидејќи е второ нејзино појавување во месецот како полна и крвава бидејќи се појавува за време на тотална лунарна еклипса.
Ова се фотографии како светот ја доживеа оваа супер сина крвава месечина.