Категории

Три најубави јадења од тиквица и домат: Здраво и вкусно! (РЕЦЕПТ)

Искористете го зеленчукот до максимум и подгответе некое од овие три вкусни оброци!

Чорба од тиквици

Состојки:

  • 2 помали тиквици
  • 1 морков
  • 1 рака печени леблебии
  • 1 рака излупени семки од тиква
  • малку сол
  • малку бибер
  • вода

Подготовка:

Тиквиците и морковот изрендајте ги и додадете им вода. Посолете и ставете бибер. Ставете на рингла да се вари. Измелете ги семките од тиква и леблебијата. Кога чорбата ќе ја варите 15 минути, додадете ги мелените семки и леблебиите. Послужете додека е топла.

Паста со домат

Состојки:

  • тестенини по желба
  • 2 домати
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • малку сол
  • малку бибер
  • пармезан или друг вид сирење по избор

Подготовка:

Доматот излупете го и исечкајте го на коцки. Пропржете го кратко на маслиново масло. Кога ќе се испржи додадете му го згмечениот лук и зачините. Сето тоа промешајте го па со помош на блендер претворете го во пире. Додадете го пирето во сварените, жешки тестенини. Измешајте и додадете сирење по избор.

Мусака од домат

Состојки:

  • 2 поголеми домати
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 300 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 2 лажици павлака
  • зачини
  • масло

Подготовка:

Излупете го доматот, па исечкајте го на тенки линии и посолете. Лукот изрендајте го, како и морковот, па кратко пропржете. Додадете го месото и оставете го на оган неколку минути заедно со зачините. Во тавче премачкано со масло ставете го доматот исечкан на линии. Потоа додадете го месото, па одозгораа повторно ставете домат и печете околу 20 минути на 200 степени. Павлаката и јајцето изматете ги со малку сол па прелијте ги преку мусаката. Печете уште 10 минути.

Прегледи:
938
Објавено на:
02.09.2019