Категории

Трикови за побрзо исполнување на желбите: Еве како да ја привлечете моќта на универзумот и да ја зголемите вашата среќа

Една работа е клучна за придвижување на тркалото на добри дела и околности – БЛАГОДАРНОСТ!

Освен љубовта, благодарноста е најмоќната енергија во универзумот. И таа има своја фреквенција. Слушајќи ја и активирајќи ја таа фреквенција во физиологијата и околината, му благодариме на универзумот за сето она што го имаме, она што сме го искусиле и доживеале …

 

Начини на кои можеме да ја искажеме благодарноста и да ја зголемиме среќата:

  1. Станете свесни за привилегиите што ги имате во животот. Пишувајте дневник и во него запишете го сето она со што универзумот ве благословил.
  2. Избирајте зборови, особено кога зборувате сами со себе. Заблагодарете му се на универзумот и на самите себе. Охрабрете се кога сте тажни и кога ништо не оди онака како што сте посакале. Кога ги користите вистинските зборови, додека си зборувате сами, мислите почнуваат да се менуваат, а со нив, однесувањето, и на крајот, околностите.
  3. Напишете писма на благодарност до сите луѓе кои влијаат врз вас на позитивен начин. Исто така, напишете и едно писмо до универзумот за сите позитивни работи што ги има донесено во вашиот живот.

 

Прегледи:
602
Објавено на:
26.11.2019