Категории

Трогателно видео: Ова девојче постојано менувало семејства, но за роденден добила празен подарок, но скапоцен!

Пеги Зезулка објавила на својот Фејсбук профил видео кое на многумина им го разубави денот. На видеото може да видите девојче кое го отвора својот роденденски подарок од родителите на кој пишува „ќе бидам посвоена“. Нејзините солзи радосници дека ќе стане дел од тоа семејство ја разнежнија цела планета.

„Ова е денот кога и кажавме на нашата ќерка ќе биде посвоена. Таа се молеше да биде посвоена, како и нејзиниот брат и сестра, а за убавите вести дознавме на нејзиниот роденден. Никој не можеше да добие подобар подарок. За децата е особено тешко да менуват семејства постојано. Посвојувањето е неверојатно нешто и сакаме да му кажеме на целиот свет дека посвојувањето деца и нивните браќа и сестри е најубавата авантура која би ја посакале“, изјавила Пеги.