Либанската невеста Дејна Вули Зајат откако ги поминала сите можни продавници, сфатила дека ќе мора сама да го создаде невестинскиот фустан од своите соништа.
Во соработка со брендот Еспоса таа ја креирала венчаницата за која веруваме дека би ѝ завидувале повеќето жени.
Целиот процес на креирањето и шиењето на венчаницата траел една година, а само за рачното везење на бисерите потребни биле два месеци!
Сепак, кога ќе го погледнеме конечниот резултат, гледаме дека трудот бил исплатлив. Дејна благодарение на објавените слики на Инстаграм од процесот на изработката на фустанот стекнала светска слава, а покрај тоа успеала да биде и една од најубавите невести. Дали ви се допаѓа?