Категории

Цело време погрешно ја миеме косата: 3 причини зошто вашата коса не е бујна и здрава

Заблагодарете ни подоцна!

Негата на косата е исклучително важна, но притоа не станува збор само за типот на шампон или балсамот што го користиме. Меѓутоа, ако косата се негува на погрешен начин, не сме постигнале многу. Ова не е само за видот на производите што ги користиме, туку и начинот на кој ја правиме оваа секојдневна рутина. Затоа грешките може да се појават уште првиот пат кога ќе нанесете шампон.

 

  1. Косата ја миеме во лоши услови

Настрана од фактот дека при миење на косата може премногу често да нанесуваме шампон и премногу често да ја миеме во текот на неделата, друга голема грешка е миењето со топла вода. Поточно, косата се оштетува и испукува на температура од 38 степени. Затоа се препорачува да се мие косата со шампон или балсам со ладна вода или барем на температура пониска од споменатата. Резултатот ќе биде здрава и сјајна коса.

 

  1. Ја стилизираме косата додека е влажна

Косата и скалпот се нежна област, особено кога се во контакт со вода. Бидејќи се состојат од неколку слоеви, горниот станува чувствителен на допир и топлина при миење. Затоа, не се препорачува чешлање на влажна коса, ниту стилизиеање со гел, лак или слични препарати.

 

  1. Користиме премногу производи за нега

Иако се препорачува маска или масло за коса, со нив не треба да се претера. Особено е штетно кога ќе одлучиме да ги користиме сите препарати во ист ден, што може да биде премногу за скалпот и косата. Ако не можеме без регенератори и масла, експертите сугерираат сите производи да бидат барем од иста линија. Покрај тоа, тие да се нанесуваат само на врвовите, така што барем скалпот може да се одмори.

Прегледи:
506
Објавено на:
11.11.2019