Категории

Црн чоколаден колач, брз и лесен рецепт

Нема благо по дома? Вклучувате рерна, мешате состојки, печете и јадете. Ете таков е колачов.

Состојки

2 и 1/2 чаша брашно

1 и 1/2 чаша шеќер

2 лажички сода бикарбона

1/2 чаша сечкано посно чоколадо (75% какао)

Малку сол

1 чаша какао

кора од 1/2 портокал

2 лажици јаболков оцет

1 чаша сок од цеден портокал

1/2 чаша масло

1/2 чаша вода

Подготовка

1. Ја загреваме рерната на 170 степени.

2. Ги промешуваме сувите состојки во еден сад, брашното, шеќерот, сечканото чоколадо, содата, солта и какаото.

3. Ги додаваме течните состојки, маслото, оцетот, сокот и водата. Ја соединуваме со лажица целата смеса.

4. Рендаме кора од портокал и ја додаваме. Промешуваме.

5. Целата смеса ја распоредуваме во тавче кое сме го намрсиле и набрашниле.

6. Го печеме во загреана рерна, пробуваме со чепкалка дали е печен.

Забелешка: Чашата е од 250 мл. Печен е во тава со димензии 35х25.

Прегледи:
2216
Објавено на:
29.03.2017