Твитер денеска го прославува десеттиот роденден, а оваа социјална мрежа е составен дел од комуникаијата на луѓето низ целиот свет.
– На 21 март пред десет години се почна со еден твит. Од тогаш, секој момент, секој ден, луѓето се поврзуваат околу работи кои ги интересираат- низ целиот свет, постави Твитер денеска на својот налог. Првиот твит го напиша еден од коосновачите на компанијата Џек Дорси, потсетуваат медиумите.
Твитер денес има 320 милиони корисници низ целиот свет кои дневно поставуваат 500 милиони твитови, што годишно е околу 200 милијарди. И покрај најавените промени, извршниот директор на Твитер неодамна објави дека популарната мрежа ќе го задржи лимитот од 140 карактери за твитови.
– Низ годините, вие го направивте Твитер она што е денес и вие креирате како тој ќе биде во иднина. Ви благодарам на вас што ја направивте историјата, што внесувате промени, се поврзувате и се смеете секој ден, се наведува на налогот на Твитер.
Твитер се докажа и како одлична платформа за поддигнување на свеста за политичките теми, ширење политички пораки и координирање на колективната акција.