Категории

Вака флертуваат жените кои му се допаѓаат на секој маж

Се прашувате зошто некои жени успеваат да го добијат секој маж кој ќе го посакаат? Можеби се работи за начинот на флертување.

Докторката Моника Мур, психолог од факултетот Webster во St. Louis, вели дека начинот на кој флертуваме зборува многу. Невербалните знакови играат голема улога кај флертувањето. Ако се наоѓаме во полна просторија (бар, ноќен клуб) и во далечината откриваме маж кој ни се допаѓа, флертот може да започне преку контакт со очите. Ако жената го започнала невербалниот флерт, мажот ќе биде тој кој прв ќе и пријде – таа покажува самодоверба, а тоа ним им е многу привлечно.

Завзема вистинска положба
Ако првиот чекор е направен, и сега тој стои пред вас, тогаш е важно држењето на телото. Резултатите од едно психолошко истражување покажаа дека жените кои имаат проблеми со флертот им приоѓаат на мажите од страна, додека оние спротивните, завземаат директна положба спротив нив.

Директност
Резултатите од истражување покажаа дека жените кои биле многу директни и активно им приоѓале на мажите, биле заинтересирани и покажувале телесен контакт, имале многу поголеми шанси за успех отколку другите.

Флертување сами
Вашта најдобра пријателка е во улога на помошник? Сега дека тоа е убаво од неа, но всушност е непотребно – барем кога се работи за шансите за успешен флерт. Професорот од факултетот во Кансас кој е и автор на книгата “The Five Flirting Styles” открива дека тоа создава проблем на начин на кој ако сте две, мажот потешко ќе открие која всушност од нив флертува со него а која неа. Меѓутоа ако разговарате еден-на-еден, знаците ќе бидат јасни.

Конктакт со очите
Контактот со очите е исклучително важен во текот на флертувањето. Сигнализира дека другата личност е заинтересирана и сака да воспостави интимна поврзаност. Тој ефект предизвикув аинтерес кај мажот, а резултатите покажаа дека луѓето кои две минути без прекин се гледаат во очи развиваат „страсни чувства“.

Носите вистинска боја
Бојата на облеката исто така игра голема улога кога е во прашање флертот.Резултатите од истражувањето на факултетот Rochester покажаа дека црвената боја најдобро поминува кај мажите, таа симболизира моќ и самодоверба.

Прегледи:
743
Објавено на:
19.11.2019