Категории

Вака ќе изгледал светот доколку не се распаднел праисторискиот континент Пангеа

Како изгледал светот пред 335 милиони години? Се претпоставува дека тогаш постоела преисториската Пангеа, суперконтинент кој постоел за време на палеозоикот и мезозоикот, пред процесот на тектонските плочи да ги одвои составните континенти во нивната моментална конфигурација.

Се претпоставува дека овој суперконтинент започнал да се распаѓа пред 175 милиони години, за да настанат посебните континенти кои ги знаеме денес. Но, како изгледал овој континент? Кој ќе ви биле соседи доколку не започнало распаѓањето?

Порталот Open Culture ја направил мапата на Пангеа со моменталните имиња и граници на земјите. Креатор на картата е Масимо Пиетробон. Според оваа мапа, за време на постоењето на суперконтинентот, Македонија не била во многу поразлична положба, односно се граничела со истите држави и не излегувала на море. Доколку не дошло до поместување на тектонските плочи вака ќе изгледала мапата на светот.

Прегледи:
1177
Објавено на:
31.01.2018