Дека жената не е сигурна во себе, може да се забележи врз основа на облеката која ја носи на себе
Ниту една жена не сака искрено да ја признае својата несигурност. Но секоја жена, без исклучок, се нашла во ситуација во животот кога се почувствувала несигурно.
Зошто? Или е незадоволна од својата шминка, или од облеката што ја носи …. Постојат многу причини. Токму тоа што го носите може да предизвика сомнеж во вас самите.
Гардеробер на несигурната жена:
- Боја на облеката
Несигурната жена има тенденција да се прикрие. Таа не сака да се истакнува на кој било начин. Затоа, таа носи темни и сиви бои, додека во нејзиниот гардеробер неможат да се најдат светли и сјајни нијанси.
- Преголема облека
Несигурната жена го потценува изгледот на нејзиното тело. На пример, таа неразумно се смета себеси дека е дебела и затоа избира поголема облека.
- Стилот на својата мајка
Несигурната жена со години ќе го бара својот стил сè додека на крајот не потклекне и започне да се облекува како нејзината мајка. Ова не е лошо бидејќи модата се повторува, но со текот на времето мора да додадете и неколку модерни парчиња облека во вашата гардероба.
- Комбинации не постојат во нејзиниот избор на гардероба
Или се облекува премногу впечатливо, или се облекува премногу едноставно – средина не постои! Или премногу се шминка или целосно ја отфрла шминката. И во двата случаи станува збор за несигурна жена.
Сомнежот се јавува затоа што не верува доволно во себе. Време е да поработите на самодовербата.