За прв пат после венчавката на Меган и Хари, сега Војводката и Војводата од Сасекс, проговори нејзниот татко Томас Маркл за кој имаше многу шпекулации пред свадбата.
„Ти си џентлмен, само вети ми дека нема никогаш да кренеш рака на ќерка ми“ му одговорил Томас на Хари кога тој побарал дозвола од него за да се венча со неа, раскажува тој во интервју.
Тој не беше во можност да присуствува на свадбата заради операција на срце, а во интервјуто вели дека ја следел венчавката на телевизија.
За него тоа бил навистина емоционален момент, бил многу горд што целиот свет ја гледа неговата ќерка, но истовремено бил љубоморен и разочаран бидејќи не е таму да ја одведе до олтарот.
Вели дека неговата ќерка секогаш сакала деца, па така очекува наскоро дека ќе има и пронова во семејството.