Категории

Victoria’s Secret го претстави овогодинешниот “градник од фантазиите” вреден 2 милиони долари

Честа да го носи најскапиот градник на најспектакуларното шоу во годината овој пат и припадна на ангелот Лаис Рибеиро. Имено секоја година брендот Victoria’s Secret претставува еден градник кој се издвојува од другите по својата уникатност и луксуз.

Бразилската манекенка е дел од шоуто уште од 2010 година, а со титулата ‘ангел’ се закити пред две години. Сега таа ја доби честа на пистата да го прошета Fantasy градникот вреден 2 милиони долари. “Champagne Nights Fantasy bra” како што е именуван овој градник е креиран од познатиот Mouwad кој досега ги креира и останатите Fantasy градници за брендот. Тој се состои од дијаманти, жолти сафири, син топаз и 18-каратно злато, додека целокупната вредност е 600 карати. За негово создавање биле потребни 350 часа рачна изработка.

Прегледи:
359
Објавено на:
03.11.2017