Категории

(ВИДЕО) Џесика Алба открива како се шминка секој ден

Како мајка на три деца и попоуларна и успешна актерка, Џесика Алба нема многу слободно време, затоа процесот на шминкање секој ден, не може да трае подолго од пет минути, открива таа.

Убавата актерка ги сподели своите трикови за убавина и како се шминка за секој ден. Таа откри дека преферира минимална шминка и природен изглед. За почеток сака да користи добра хидратантна крема и прајмер. Кога е во прашање пудрата, таа користи нијанса која е иста како нејзиниот тен. Џесика обожава да користи руменило и маскара, а на местата каде што има неправилности на кожата, користи само коректор.
Во продолжение погледнете го нејзиниот краток makeup туторијал..