Категории

Видео кое ќе ве расплаче: Џени и Ширли се најдобри другарки кои се среќаваат по 20 години!

Слоновите се големи, слатки и паметни животни. Овие огромни животни имаат најголем мозок во споредба со другите животни на планетата. Верувале или не, секој центиметар од овие животни е полн со емоции.

Слоновите се мирни и нежни, но за жал, луѓето се однесуваат лошо со голем дел од нив затворајќи ги во циркус, каде што се измачувани и дресирани.

Приказната за Ширли и Џени ќе ве расплаче. Тие беа заробени од еден циркус, терајќи ги да настапуваат за публиката. Тогаш ти беа само мали бебиња. Но, тие се зближија и станаа најдобри пријателки. Животот во циркусот бил ужасен за нив, но барем се имале една со друга.

Но, работите се смениле преку ноќ. Некој човек успеал да се прикраде во циркусот и да ја украде Џени. Ја ставиле во комбе и ја однеле далеку од циркусот. Но, луѓето кои ја украле Џени всушност биле спасувачи од засолниште за слонови. Па така, Џени добила втора шанса и прекрасен живот. Се спријателила со многу други животни во засолништето, но и недостасувала нејзината најдобра другарка.

Ширли останала сама. Немала никој покрај себе, освен злобните луѓе од циркусот. Во циркусот Ширли била единственото животно, а набргу тие решиле да се ослободат од неа, а таа завршила во истото засолниште како Џени. До оваа средба поминале 20 години. Цели 20 години Ширли не видела друг слон, а уште помалку знаела дека повторно ќе се сретне со Џени.

Во моментот кога се здогледале, Џени го испуштила најгласниот извик на задоволство и среќа кој некогаш бил слушнат. Волонтерите ја отвориле вратата и Ширли можела да ја прегрне својата пријателка. Иако не се виделе 20 години тие поминале два часа заедно и се сеќавале една на друга.

https://www.youtube.com/watch?v=lF8em4uPdCg

Слоновите никогаш не забораваат и тоа е апсолутна вистина. Ширли станала свесна за својата слобода и била посреќна од било кога.

Прегледи:
583
Објавено на:
19.07.2019