Категории

ВИДЕО: Марк Ентони пред развод по бакнежот со Лопез

Само еден ден откако Џенифер Лопез страсно го бакна поранешниот сопруг Марк Ентони, него го остави сопругатa. „Е њуз“ дознава дека Шенон де Лима го оставила славниот латино-музичар по две години брак.

Шенон (28) не се појави на доделувањето на „Латино Греми“ наградите, а Џенифер Лопез ја искористи можноста па во текот на настапот страсно го бакна Марк Ентони (48).

Марк Ентони се обиде да го „ублажи“ овој бакнеж, така што на Инстаграм објави неколку фотографии на кои се бакнува со своите пријатели, порачувајќи дека бакнежот со поранешната сопруга не е ништо ново и необично за него.

Џенифер ја раскина долгогодишната врска со Каспер Смарт уште во август, бидејќи се испостави дека танчарот ја изневерувал веќе извесно време.

– Не сум од оние луѓе кои сакааат да бидат сами. Не ми е срам тоа да го признам. Мислам дека сите мора да бидеме тоа што сме – изјавила Џеј Ло уште во 2014 година.

Марк и Шенон

Иако обожавателите веќе шпекулираат, Бени Медина, менаџерот на популарната пејачка наведува за ТМЗ дека Џенифер и Марк не се смириле.

Меѓутоа, во последно време славната двојка сè повеќе време поминува заедно – учествуваа на бесплатниот концерт во Мајами, а работат и на новиот проект – албум на шпански јазик.

Изгледа дека Марк немал многу време за својата сегашна сопруга.

Ентони и Шенон се венчаа во ноември 2014 година, а пред тоа се забавуваа цели две години. Нивното последно јавно појавување беше во август, исто така, на концертот на Џенифер Лопез.

https://www.youtube.com/watch?v=KiqfRSvTt-Q

Прегледи:
593
Објавено на:
21.11.2016