Секојдневно се соочуваме со секакви информации за ковид-19 состојбата во нашата земја и светот. Многумина имаат поделено мислење во врска со оваа болест и оваа новонастаната ситуација, за која сите се прашуваме до кога ќе трае. Секако, некои мислат дека ова е нов начин на живот, а некои пак прогнозираат дека за некое време ќе се намали пандемијата и светот ќе почне да се враќа во нормала.
Но, младите како идни генерации имаат најразлични перцепции и размислувања токму за оваа ситуација. Се запрашавме како тие размислуваат, какво е нивното мислење за се она што не опкружува во моментот и како да се соочиме со тоа.
Погледнете го ова видео каде еден млад човек го изнесува своето мислење за ковид-19 состојбата во нашата земја и светот.