На фановите на DC им беше дoделен апсолутен третман вечерва, бидејќи филмската франшиза го претстави првиот трејлер за новиот филм ,,Бетмен” во улога на добро познатиот Роберт Патинсон.
Додека Петинсон веќе некое време се шпекулираше дека е новиот титуларен суперхерој, не беше се до мај минатата година, кога Варнер Брос и официјално потврди дека ќе го гледаме во новата улога.
Ѕвездата ќе ги следи стапките на Мајкл Китон, Вал Килмер,Џорџ Клуни, Кристијан Бејл и Бен Афлек.
Петинсон некое време беше заинтересиран за идејата, откако слушна дека сценариото за филмот се фокусира на помладата верзија на Брус Вејн.
Ко-писателот Матсон Томлин неодамна изјави дека филмот ќе ја претстави душата на Вејн, раскажувајќи:
„Мислам дека навистина гледајќи го Бетмен како некој што поминал низ оваа траума, а потоа сè што тој работи е реакција на тоа , наместо да се засрами од тоа. Мислам дека овој филм се потпира на некои многу забавни и изненадувачки начини. Тоа е сè што можам да кажам без да откривам многу работи“.
Сега кога трејлерот е објавен, ние сме возбудени да го проследиме редот на Патинсон да го донесе животот на Бетмен во филмот, кој е предвиден за објавување во октомври следната година (2021).
Погледнете го првиот трејлер за филмот ,,THE BATMAN”, кој и ние со нетрпение очекуваме да го погледнеме целиот филм.