Секојдневието на поп-дивата Калиопи ова лето се менува со дополнителна доза позитивна енергија или пак можеби знак за нешто ново, убаво,среќно…
Се вели дека гнездата кои ги прават птиците во нечиј дом се среќа и добар знак за домаќинот, а токму тоа го разубави домот на Калиопи, кај која пристигнаа две млади пилиња кои живеат на нејзиниот балкон заедно со мајка им.
Убавата глетка Опи ја покажа преку видео на Инстаграм, надополнето со коментар дека гнездото сигурно е добар знак.
Извор : Вистина.мк