Каде што има среќа таму има и љубов, а доказ за тоа е запросувањето кое што се случи вечерва на Бродот на среќата. На само еден ден по отворањето на Среќа Кафе, со задоволство бевме домаќини и сведоци на еден нов почеток помеѓу овој заљубен пар.
Во делот предвиден за настани, свечености и ивенти на Бродот на среќата вечерва се случи спектакуларно запросување. Придушените светла, многубројните балони, конфети и фотографиите на екраните на телевизорите од вљубениот пар придонесоа атмосферата да биде совршена и магична, измамувајќи солзи радосници кај идната невеста и сите присутни на овој убав настан.
Како изгледаше ова запросување погледнете подолу.
Љубовта заслужува да биде прославена на вистински начин, а нашето среќно место се прилагодува на сите ваши барања. Тимот на среќа им го честита овој посебен ден на младоженците со искрени желби за долга и вечна љубов!