Категории

Видео: Збогум за коњското опавче! Ова се фризури кои може да ги научи секоја мајка

Доколку имате ќерка која сака да биде принцеза со нејзината фризура, тогаш овие неколку едноставни туторијали може да ви ја спасат главата.

Не сите жени се снаоѓаат со фризурите како фризерки, но доколку имате долга или средно долга коса која ја носите или распуштено или постојано во некое обично опавче, ви претставуваме неколку многу едноставни начини како да направите фризури на поинаков начин.

Станува збор за фризури кои може да бидат секојдневни, за на работа или за во градинка, а сепак доволно свечени за во минута време да можете да ја направите за вечерно излегување или детскиот роденден на кој вашата ќеркичка сака да се појави како принцеза.

Во последното видео се наоѓа фризурата од насловната фотографија. За нијанса се покомплицирани од обичното опавче, но ќе признаете дека овие фризури се далеку од обични.

Извор: http://www.sezadeca.com/

Прегледи:
966
Објавено на:
10.05.2016