Категории

Вие сте доволни и кога сте сами – Вашата вредност не зависи од туѓата љубов и одобрување

Кога се чувствувате задоволни со себе, никогаш нема да барате валидација од никого. Ќе се чувствувате смирено, ќе чувствувате задоволство и срцето ќе ви биде исполнето со толку многу љубов одвнатре.

Никогаш нема да се држите до никого само за да ги исполни вашите потреби. Кога се чувствувате потполни со самите себе, туѓите зборови и однесување помалку веројатно ќе ви создадваат болка. Ќе имате контрола кон сопственото срце и емоции. Ќе сфатите дека никој нема да може да ве повреди ако не им дозволите да ве повредат.



Кога ќе се чувствувате доволни со себе, ќе преживеете што било пред вас. Затоа што знаете дека имате сила да продолжите понатаму, да застанете уште еднаш и да започнете одново ако треба. Кога ќе се чувствувате доволни со самите себе, ќе сфатите дека после сето ова време, вие сте родени како прекрасен универзум. И ќе се чувствувате комплетно, затоа што вашето срце конечно ќе биде во состојба да каже, ⠀
„Почитувана јас, доволна си и ти благодарам што постоиш.”

Прегледи:
456
Објавено на:
17.06.2021