Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (03 – 04 НОЕМВРИ, 2018)

Стрелец

Викендов многу добро ќе комуницирате и ќе се снаоѓате во секојдневните обврски. Односите со претпоставените ќе ви бидат напнати па најдобро би било да избегнувате контакти, и ако често ќе бидете повикани. Не реагирајте на секоја провокација. Кавгите најповеќе можат да ве погодат вас.

Јарец

Нема да имате проблеми со изразувањето на своето мислење, меѓутоа тоа што секој половина час ќе имате друго мислење за иста работа тоа веќе е друг проблем. Во потрага за различни настани досадата ќе ви биде најголем противник, а против неа ќе се борите забавувајќи се самите себе со најразлични ситници.

Водолија

Борбата за престиж ќе биде крунисана со успех. Бидејќи среќата ќе ве следи во секој поглед. Па тогаш што чекате? Искористете ја шансата, но обидете се да се препуштите и на убавите страни на животот.

Риби

Ќе се чувствувате како да не припаѓате во околината. Но, не грижете се, веќе со почетокот на наредната недела овие чувства ќе исчезнат, а нивното место ќе го заземе романтиката. Изненадете го парнерот со вашите креативни мисли.

1 2 3

Прегледи:
887
Објавено на:
02.11.2018