Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (04 – 05 АВГУСТ, 2018)

Стрелец

Во семејната околина во најава се радосни настани. Добрата атмосфера создава идеални моменти за зближување кое во минатиот период ви недостасуваше. Не е поволен момент за воспоставување на нови контакти и започнување на активности кои се поврзани со недвижности. Внимајате кому ги доверувате своите тајни.

Јарец

Викендов најголемите проблеми можат да ви дојдат поради партнерот, или нешто во врска со него, во смисла на ограничувања, непријатни состојби и ситуации, нервоза, и тоа највеќе во саботата околу пладне па постапно вака интонираниот викенд да ескалира во недела, кога се можни и расправии поради неговата неодреденост, промена на расположение, сакање на се во исто време, па и покрај вашите желби да се најдете и да му помогнете, едноставно ќе бидете оневозможени.

Водолија

Овој викенд едноставно може да бидете на услуга на сите, и да трчате од еден на друг некому да му помогнете, некого да го услужите, некого да го лечите. Значи еден куп активности и поради времето доста проблеми околу вас со здравјето на домашните.

Риби

Викендов немојте да очекувате претерана помош од никого, па според тоа што и да правите сметајте само на себе. Од друга страна не прекорувајте никого бидејќи можеби и имате некаква помош, поткрепа, а и да не сте свесни за тоа, едноставно некого го краси скромност, па не сака да се експонира. Ова значи дека се работи за суптилни поддршки, можеби финансиски и тоа преку партнерот.

1 2 3

Прегледи:
908
Објавено на:
03.08.2018