Стрелец
Во недела, очекувајте повик од некој пријател кој ќе има потреба од вас. Искористете го талентот на добар советувач и кажете му некој совет со кој ќе може да го реши проблемот. Потрудете се да имате поквалитетен сон.
Јарец
Наместо да бидете слабаци, ризикувајте па и доколку не го добиете тоа што го посакувате, не е крајот на светот. Имајте малку повеќе храброст. Учете на грешките од минатото, но не само на своите туку и на туѓите. Внимавајте на здравјето, можни се болки во главата.
Водолија
Дефинитивно ова се деновите кои ќе сакате да ги преспиете. Бројните напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашиот партнер нема да се потруди да ве расположи. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.
Риби
Доколку за нешто долго време се трудите да го добиете, викендов време е да се опуштите од тоа, бидејќи конечно дојде време вашите желби да се остварат. Поради тоа, прославете со пратнерот и посветете му повеќе време. Покажете ја романтиката во вас.