Лав
Ве очекува викенд полн со изненадувања на љубовен план. Доколку сте сингл, имате можност да запознаете некоја нова, интересна личност. Доколку пак, сте во врска, веројатно вашиот однос ќе достигне некое повисоко ниво. Што се однесува на пријателските односи, водете сметка колку се вашите пријатели искрени кон вас.
Девица
Вашиот шарм и вашата ведрина овој викенд ќе бидат на врвот. Ќе бидете многу атрактивни и немојте да се изненасите доколку и непознати ви подаруваат внимание. Романтични филмови се вистинскиот избор за недела навечер.
Вага
Доколку за нешто долго време се трудите да го добиете, викендов време е да се опуштите од тоа, бидејќи конечно дојде време вашите желби да се остварат. Поради тоа, прославете со пратнерот и посветете му повеќе време. Покажете ја романтиката во вас.
Скорпија
Дефинитивно ова се деновите кои ќе сакате да ги преспиете. Бројните напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашиот партнер нема да се потруди да ве расположи. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.