Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (23 – 24 ЈУНИ, 2018)

Лав

Не очајувајте доколку ви се случи мала караница со партнерот. Со добар и мирен разговор може сѐ да се реши. За оние кои не се во врска, во сабота навечер, бидете подготвени за еден повик од некоја личност која ви се допаѓа.

Девица

Дефинитивно ова се деновите кои ќе сакате да ги преспиете. Бројните напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашиот партнер нема да се потруди да ве расположи. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.

Вага

Поради вашето макотрпно работење, време е да се почестите со шопинг. Внимателно разгледајте ги продавниците, можеби ќе најдете одлично парче облека кое добро ќе ви прилега. Во недела вечер, излезете и релаксирајте се пред напорната работна недела.

Шкорпија

Вложете ги вашите пари во нешто навистина корисно. Потрудете се да се храните малку поздраво, тоа ќе допринесе да се чувствувате поенергично. Во сабота, партнерот ќе ви приреди изненадување, заблагодарете му се со еден ден целосна посвета на него.

 

1 2 3

Прегледи:
1041
Објавено на:
22.06.2018