Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (25 – 26 АВГУСТ , 2018)

Овен  

Во семејната околина во најава се радосни настани. Добрата атмосфера создава идеални моменти за зближување кое во минатиот период ви недостасуваше.Во добра форма сте, а со тоа расте и вашиот оптимизам. Идеално време е да направите мал одмор и вниманието да им го посветите на личностите кои ве сакаат.

Бик

Се однесувате невротично и мислите дека лошите работи само вам ви се случуваат. Грешите. За среќа, ќе успеете на деловен план. Ги влечете сите конци, иако на прв поглед не постои објективно и реално објаснување. Сите работи си доаѓаат на свое место, но за сe е потребно време. Колку сте во состојба да чекате?

Близнаци

Доколку се свртите кон духовната страна на животот, може да очекувате позитивни резултати. Во спротивно, грубото материјално ниво нема да ве задоволи. Поволните околности и понатаму влијаат врз текот на деловните случувања. Само што помисливте да се откажете од нешто, кога се појави личност која ќе ви понуди помош.

Рак

Имате моќ и не сакате тукутака да ја испуштите од раце. Правилно размислувате, но сепак, не преоптоварувајте ја околината со посесивното и диктаторско однесување. Мудрите потези ќе ви донесат убава заработувачка. Се наоѓате во период кога можете да очекувате подобрување во многу животни сфери, па и на деловен план.

 

1 2 3

Прегледи:
1003
Објавено на:
24.08.2018