Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (25 – 26 АВГУСТ , 2018)

Стрелец

Се наоѓате во фаза кога некој постојано ви ги тренира нервите. Се поставува прашањето колку ќе можете да издржите? Ве очекуват нови работи и приходи. Фантастично! Долго време мислевте дека среќата ви го свртела грбот, но најпосле конкретните аргументи го докажуваат сосема спротивното.

Јарец

Моменталните случувања бараат тактичност и дипломатичност. Упорноста и одмереноста се главните атрибути кои ќе ве водат во нареднава недела. Поради импулсивните реакции, лесно може да се најдете во незавидна ситуација. Доколку се контролирате, ќе ги сведете и здравствените проблеми на минимум. Бидете одмерени.

Водолија

Смирени сте. Она што порано ве правеше нервозни, сега станува безначајно. Во хармонија сте со самите себе. Ја држите контролата во свои раце на деловен план и со леснотија ги извршувате задачите. Вложувајќи минимален напор, ќе остварите максимални резултати.

Риби

Овие два дена дефинитивно ќе ги паметите уште долго време! Ви следат романтични мигови со некоја личност од минатото, за која сѐ уште имате чувства. Работите ќе се одвиваат онака како што вие сакате, па затоа опуштете се и забавувајте се.

1 2 3

Прегледи:
1005
Објавено на:
24.08.2018