Категории

ВИКЕНД ХОРОСКОП (30 ЈУНИ – 01 ЈУЛИ, 2018)

Овен 

Препорачливо ви е да ги искористите овие два слободни дена и да одите на кратко патување. Топлото време и возбудливата авантура дополнително ќе ве развеселат, а доколку сте во врска, поведете го со вас вашиот партнер.

Бик

Влеговте во прекрасен период на љубов и љубовни остварувања. И конечно ќе ја имате можноста да ви се исполнат сите желби на тоа поле. Со својата харизма насекаде ќе плените и нема да можете да кренете глава од понуди од спротивниот пол. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми.

Близнаци

Во текот на овие два дена, најверојатно ќе бидете фокусирани на една одредена  личност. На крајот навикендот неочекувано ќе научите нешто ново, или ќе сфатите дека долго време сте грешеле во врска со нешто што ви е важно. Не двоумете се кога станува збор за вашиот партнер. Кажете му што ви смета кај него и разговарајте за односот во вашата врска.

Рак

Викендов, спремете се за добра забава со пријателите, а слободното време искористете го покажувајќи ги вашите кулинарски способности и  подготвувајќи им некој од вашите вкусни специјалитети. Слободното време одвојте го за вас и само за вас.

 

1 2 3

Прегледи:
808
Објавено на:
29.06.2018