Лав
И покрај малите недоразбирања со некој од вашите пријатели, расположението овие два дена ќе ви биде на ниво. На љубовно поле ве очекува мала промена, а тоа најверојатно ќе се случи во сабота вечер. Препуштете се на спонтаноста и дозволете чувствата да ве водат.
Девица
Бидете подготвени да направите добар план и држете се до тоа. Само така ќе можете квалитетно да ја извршите работата која е пред вас. На љубовно поле буквално ви цветаат рози. Ќе се чувствувате исполнето во текот на целиот викенд, а главниот кривец за тоа ќе биде вашиот партнер.
Вага
Вашиот социјален живот полека опаѓа. Потрудете се да бидете што покомуникативни и пољубезни за да запознаете нови, интересни луѓе. Можно е овој викенд да дознаете нешто што воопшто не го очекувате, затоа подгответе се. На љубовно поле сега за сега сѐ е во ред.
Шкорпија
Ве очекуваат два возбудливи дена, исполнети со многу позитивна енергија, а тоа ќе се должи на еуфоријата пред годишниот одмор. Внимавајте на вашиот однос и размислете дали ги повредувате чувствата на вашиот партнет со вашите постапки.