Модната икона Викторија Бекам ужива на Свети Стефан со сопругот, славниот фудбалер Дејвид Бекам и нивните деца.
Иако се зборуваше дека се разведуваат, славниот британски пар го демантираше тоа со доаѓањето во Црна Гора, а Викторија поставила повеќе фотографии од својот сопруг и децата.
Таа покрај уживањето во убавините на Црна Гора, интензивно работи. Таа овие денови промовира парчиња од новата модна линија на интернет страницата и својот Инстаграм профил.