Категории

Викторија Бекам остро осудена поради изборот на преслаби манекенки

Дизајнерката ги разбесни своите фанови кои велат дека нејзината седумгодишна ќерка е потешка од манекенките кои ги носат нејзините креации. Сметаат дека таа треба да промовира здравје, а не пореметување во исхраната.

„Ова е причината зошто мојата ќерка која и онака е послаба од што треба да биде, мисли дека треба да јаде уште помалку“ – изјавила една загрижена мајка. По објавувањето на фотографии од манекенката Giedre Dukauskaite (29), која ја носи нејзината нова колекција, многумина сметаат дека Бекам започнува неодговорна капмања користејќи премногу слаби и „болни“ модели кои ги носат нејзините креации.

Додека некои обожаватели се воодушевени од одличните модели на очила кои ги креирала дизанерката, други велат дека фотографиите со кои што ја рекламира новата колекција се одвратни.