Категории

Вистинскиот пријател е богатство кое нема цена. Ова се најубавите цитати за пријателството!

Секој го бира својот пријател според своите навики, сфаќања, ставови и размислувања. Вистинското пријателство не познава љубомора, себичност и други емоции кои можат да донесат немир и раздор. Ова се најубавите цитати за пријателството.

„Пријателот се познава во неволја, како златото во огнот“

„Прави им добро на своите пријатели за да ги задржиш, а на непријателите за да ги победиш“

„Најди време за пријателството, тоа е патот до среќата“

„Помеѓу пријателите треба да ги сакате не само оние кои жалат на вашата несреќа, туку и оние ко не ви завидуваат на среќата“

„Животот без пријателство е ништо“

„Пријателот го запознаваме тогаш кога ќе го изгубиме“

„Пријателството не се бира, тоа се случува како и љубовта“

„Улогата на пријателот е да е покрај вас кога грешите, кога сте во право сите ќе бидат покрај вас“

„Пријателите и добрите манири ќе те следат таму каде што парите не можат да стигнат“

„Многу луѓе со тебе би се возеле во лимузина, но целта е во тоа да се возат со тебе во автобус кога лимузината ќе се расипе“