Додека долго време се шпекулираше за љубовниот живот на Џастин Бибер и беше поврзуван со многу девојки, меѓу кои и Кортни Кардашијан, неговата стара љубов Селена Гомез, по се изгледа Џастин е во врска со досега неговата блиска другарка Хејли Болдвин.
Џастин со голем дел од неговите пријатели новата година ја помина на егзотиниот остров Свети Вартоломеј (St. Batrs) и додека папараците ги следеа наоколу и жолтиот печат беше преполн со интимните моменти на поширокото друштво.
Џастин на новогодишата ноќ настапувал на забавата на Леонардо Ди Каприо, а останатиот дел од вечерта го посветил на Хејли која е модел и ќерка на актерот Стивен Болдвин. Додека многуте заеднички фотографии укажуваа дека тука нешто има, Џастин ја официјализираше врската со објавување на фотографија од нивни бакнеж.