Категории

Внимателно одберете какво велигденско јајце ќе подарите- еве што значат боите

Црвеното јајце е симбол на Велигден поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување.

Некои сметаат дека црвената е вистинската велигденска боја, но не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно е извор на среќа.

Ви го претставуваме значењето на боите на Велигденските јајца, кои овие денови ќе бидат најдраг гостин во Вашите семејства:

Жолта боја – светлина, радост

Портокалова – трпение, моќ

Зелена – храброст, големина

Виолетова – надеж, спокојство

Сина – здравје, ведрина

Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење.

Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го вапцале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.

Прегледи:
519
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
07.04.2018