Категории

Внимавајте со четири очи: Какви се луѓето со расипано срце

Ова се најголемите показатели дека си имате работа со луѓе кои имаат расипано срце, ако ги препознаете кај некого, најдобро е веднаш да се оттргнете од таквата личност.

Една од причините поради која често не го гледаме „злото“, веројатно е таа што ни е многу тешко да поверуваме дека постојат вистински злобни луѓе. не можеме да замислиме некој да не изневерува, мами, повредува без нималку совест, да шири лаги за да уништи нечиј углед и да планира интриги и предавства со цел да им наштети на другите.

Ова се најголемите показатели дека си имате работа со луѓе кои имаат расипано срце, ако ги препознаете некои од нив кај некого, најдобро е веднаш да се оттргнете од таквата личност.

Тие се стручњаци за создавање на кавги и немири
Тие ги извртуваат нештата, мамат, лажат, избегнуваат да превземаат одговорност, ја негираат реалноста, измислуваат приказни и ги задржуваат информациите за себе.

Тие се експрети во измама на другите со својата слаткоречивост
Таквите луѓе никогаш не се менуваат и не вложуваат во својот раст и развој. Нивниот живот е илузија и душевна храба им е страдањето на другите.

Тие секогаш сакаат да ги контролираат другите
Тие одбиваат повратна информација и конструктивен критицизам, самите создаваат правила по кои живеат и не обрнуваат внимание на моралните норми. Не се каат за лошите нешта кои ги прават.

Тие играат на картата на симпатичност кај добродушните луѓе со цел да ги измамат
Тоа изгледа вака: Бараат сочувство, но не го пружат самите. Бараат топлина, простување, интимност од личноста на која и згрешиле без нималку емпатија спрема болката која ја предизвикале и без реална намера да се обидат да го поправат она кое го направиле или да се обидат да ја вратат изгубената доверба.

Тие немаат совест и не знаат што е каење
Дури и немаат намера да се обидат да се борат против злобата – всушност, уживаат во неа а се сокриваат под маската на скромноста.

Прегледи:
617
Објавено на:
23.02.2020