Категории

Во 2019 година се случуваа и убави работи: Ве потсетуваме на 18 од нив!

Ако мислевте дека оваа година се случуваа само лоши работи, се лажете. Имаше и прекрасни вести, верувајте ни на збор. Истражувањата покажуваат дека луѓето имаат тенденција повеќе внимание да им посветуваат на лошите вести дури и повеќе да ги паметат. Тоа се случува затоа што природата ги програмирала луѓето да воочуваат опасности и потенцијални закани на време.

Иако сега живееме во посигурен свет, отколку нашите предци, сепак имаме впечаток дека околу нас се случуваат само лоши работи.

Но, тоа не е вистина. Поради тоа составивме листа на позитивни и убави нешта кои се случија во 2019 година:

  • Холандија посади цвеќе на крововите од 316 автобуски постојки и со тоа создаде спас за пчелите.
  • Популацијата на грбавите китови која беше на ивица на изумирање во 50-тите години од минатиот век, вратена е речиси во потполност. Некогаш биле само 450, а сега нивната популација ближи 25.000.
  • НАСА сателитите забележале дека денес светот е многу позелен отколку од пред 20 години.
  • Постои една организација во Америка која ги спојува воените ветерани и старите напуштени кучиња. Таа организација ги покрива сите трошоци за лечење на животните. Поради активностите на оваа организација многу луѓе, а и животни се посреќни.
  • Норвешка одлучи да не буши нафта на островите Лофотен за да го зачува локалниот екосистем. Инаку, вредноста се проценува на околу 60 милијарди долари.

  • Дневна диско забава се приредува во едно село во Јужна Кореја за лица постари од 65 години за да се спречи осаменоста и деменцијата.
  • 20 африкански земји учествуваат во изградбата на зелениот ѕид за да се запре пустошењето на Африка. Околу 32 милиони хектари на земјата се веќе обновени. По завршувањето на овој ѕид, дрвјата и билките ќе се простираат на околу 5.000 километри, заземајќи преку 100 милиони хектари и ќе биде видлив од вселената.
  • Племенскиот поглаватар Тереза Качиндамото успеала да спречи 3.500 девојчиња да стапат во брак и им помогнала да го завршат школувањето.
  • Во Рим, возењето со подземна железница може да се плати со пластично шише. Едно возење чини 30 пластични флаши. Во првиот месец, откако почнал да се наплатува ваквиот систем, собрани се околу 100.000 шишиња.
  • Европскиот парламент воведе амандман на закон на Европската унија со кој се забранува продажба и произведување на платични предмети за ендократна употреба.
  • Калифорнија го усвои законот против суровост кон животните, кој забранува продажба и купување на производи од крзно.
  • Владата на Костарика започнала кампања во која забранува селфи фотографии со диви животни.
  • Необично крстарење по каналите станало популарно во Амстердам: туристите можат да уживаат во разгледувањето на градот, а притоа можат да собираат ѓубре од каналот со помош на мрежа. Досега од каналите е извадено 146.000 пластични шишиња.
  • Нобеловата награда за медицина е доделена за проучување на реакциите на телесните клетки на количината на кислород на која се изложени. Ова е револуција во онкологијата: наместо хемотерапија, која влијае врз целото тело, ќе може да се влијае само на клетките на туморот, лишејќи ги од кислород, поради што нема да можат да растат.
  • Научниците создале храна за мачки која спречува нивното крзно да предизвика алергиска реакција кај луѓето.
  • Холандија стана првата земја во светот без кучиња скитници.
  • Во 2019. година 40 земји забраниле употреба на диви животни во циркузите.