Категории

Во брадата се наоѓаат повеќе бактерии отколку на влакната на кучињата?

Доколку ви се допаѓаат мажи со брада, можеби после ова ќе го промените мислењето.

Научниците во една швајцарска клиника докажале дека на машката брада се наоѓаат повеќе бактерии отколку на влакното на кучето.

Земале брисеви од 18 машки бради и од вратовите на 30 кучиња од различни раси. Резултатите покажале дека сите тестирани мажи, помеѓу 18 и 76 години, имале висок број на микроби, додека кај 23 од 30 домашни миленичиња резултатите биле исти.

Кај седум мажи се откриени бактерии штетни за човековото здравје, што наведува на заклучокот дека кучињата се почисти од луѓето.