Категории

Во Египет откопани нови ковчези стари 2,500 години

Египетските истражувачи минатиот месец го објавија пронаоѓањето на нови ковчези кои припаѓале на свештеници и религиозни службеници кои биле дел од 26-тата династија од пред 2,500 години.

59-те ковчези се пронајдени во чокалитетот Саггара е дел од некрополата на некогашната египетска престолнина Мемфис и тој ги опфаќа познатите пирамиди во Гиза, како и и помалите пирамиди во Абу Сиру, Дашур и Абу Руваиш.

59-те ковчези биле закопани во три дупки со длабочина од 10-12 метри. Во нив исто така имало и статуи од египетскиот бог Секер, богот на подземниот свет.

Рушевините во Мемсиф уште од 70-тите се наоѓаат на листата на светско наследство на УНЕСКО.