Категории

Во ФК Професионал – првото училиште за фудбал во Македонија, децата од сите социјални категории имаат еднакви права

Фк Професионал постои повеќе од 17 години, се работи за првото фудбалско училиште во Македонија. Од своето постоење до денеска продефилирале многу деца за овие 17 години и со гордост може да се пофалат дека 8 фудбалери се со професионални договори надвор од границите на Македонија, а дури 3 играчи го носеле националниот дрес на нашата најдобра репрезентација.

 

ФК Професионал од самите почетоци се до денешен ден покажува голема социјална и општествена одговорност. Во клубот постои специјално изготвена програма за помош на социјално ранливи семејства и самохрани родители. Од минатата година ја отпочнаа и соработката со проект Среќа предводен од Кристина Арнаудова, проект кој е лидер во Македонија во поглед на оваа проблематика, а од оваа сезона ја интензивиравме соработката и ја издигаме на уште повисоко ниво.

Во овој момент во овој клуб членуваат повеќе од 10 деца од социјални ранливи семејства или од самоохрани родители. Исто така во заедничка соработка помагаат и во многу други области кои ја допираат социјалната политика и фудбалот.