Категории

Во исчекување на првиот фестивал на улична храна „Вкусот на Скопје“!

Кога ќе се спомне пролет во Скопје, помислуваме на зелените прекривки на Градскиот парк, свежината на високите дрвја и неповторливите дружби со пријателите. Токму таму, во срцето на Скопје, љубителите на добрата храна ќе имаат можност да бидат понесени од целосен гастрономски хедонизам!

Станува збор за првото издание на фестивалот на улична храна „Вкусот на Скопје“ кој ќе имаме можност да го посетиме на 18-19 мај. Овој дводневен настан ќе ги обедини најдобрите локални сендвичари и ресторани чии сочни специјалитети нема никого да остават рамнодушен. Ќе имаме можност да дегустираме разноврсна улична храна и да се препуштиме на фузијата од зачини, ароми и различни вкусови кои дефинитивно ќе ни го задоволат апетитот.

Главната цел на организаторите на овој фестивал, Моментум Инк., која се проткајува низ сите нивни досегашни проекти е рафинирање на нашата заедница во сите можни аспекти. Така, “Вкусот на Скопје” има и своја едукативна страна – бројните учесници во програмата на дело ќе ги прикажат своите врвни кулинарски вештини и ќе ни приредат интересни демонстрации за готвење на нови рецепти и едукативни презентации за исхраната и здравјето. Школката во Градскиот парк на Скопје ќе пружи корисни совети за сите возрасти, па дури и оние најмалечките – идните гурмани! Наскоро ќе биде објавена целосната програма за настанот, па следете го настанот на Facebook или Instagram за да дознаете повеќе!

Паркот е едно од најубавите места во градот за одмор дружби со пријателите, па организаторите решија дополнително да го разубават – во вечерните часови не очекува опуштање со локалните музичари… Задолжително заследете ја Facebook фан страницата за повеќе информации и изненадувања!

Известете ги своите пријатели и дојдете на еден поинаков викенд… Се гледаме на Школка!