Категории

Во кои години мажите највеќе изневеруваат?

Неверството во љубовта не е многу ретка појава. Некои се одлучуваат да простат и да преминат преку тоа, додека други пак ставаат крај на односот со партнерот. Во секој случај, неверството е многу болно, повредува и навредува.

Научниците истражувале во кои години мажите се највеќе склони кон неверство. Според нив, веројатноста партнерот да ве изневери е голема кога тој е во 39-тите години од животот. Истото се однесува и за тие кои имаат 29 и 49 години.
Научниците објаснуваат дека луѓето се многу чувствителни и склони кон екстремно однесување кога заокружуваат деценија од својот живот.
Таа теорија ја поткрепуваат дури 6 истражувања кои ги спровеле двајца научници од Универзитетот во Њујорк и Калифорнија. Тие анализирале податоци од бројни платформи за комуникација, а и самите анализирале личности во различно животно доба.
Во разговорите со учесниците во истражувањата тие зборувале за стареењето, па размислувале за смислата на животот. Мажите кои ја заокружувале декадата од животот двете теми ги воделе со зголемен ризик да започнат прељуба, односно да имаат афера, па така да дојдат до адреналински пресврт или нова смисла.